Да покажеме хуманост на дело!

3

 

Teкстот е превземен од Фб настанот:

 Да покажеме хуманост на дело!

Koга: Недела, 15 Јуни,  21:00

Kaде :Ракија Бар „Калдрма“ (стара чаршија, 1000 Скопје)

Валентина има 17 год. и е болна од целебрална парализа. Во многу тешки услови заедно со своите родители живее во две мали соби, од кои едната е со земјен под. Таткото не е работоспособен поради тешка повреда како резултат на сообраќајка и живеат од социјална помош.Пристапот до домот е тежок посебно во зимски период или во време на дождови. Немаат ниту WC, ниту купатило.
Потребна е финансиска помош, помош во храна, средства за лична хигиена, за чистење. Потребна е инвалидска количка и изградба на тоалет, бетонирање на подот од собата и пристап до домот со патека од 20 м.

Поради потребата да и се помогне на оваа млада дама , во Ракија бар ,,Калдрма,, организираме хуманитарна забава со музиката на @Chasework .Секој кој присуствува практично и донира бидејќи
дел од прометот од вечерта, Ракија барот ,,Калдрма,, ќе го донира за Валентина! Освен тоа секој ќе може според своите можности да донира во кутијата за доброволен прилог!

Искрено се надеваме и веруваме во Вашата хуманост и дека сите заедно ќе успееме да и го олесниме и онака тешкиот живот на 17 – годишната Валентина!!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: