Да подариме СРЕЌА на децата од Дневниот Центар за Деца од Улица во Шуто Оризари

10

Да подариме среќа на децата од Дневниот Центар за деца од улица во Шуто Оризари. Сите заедно-можеме да ги израдуваме неизмерно и со нашето Малку да направиме Многу за нивниот подобар живот.

Здруженето “Хуманост без граници” ве повикува на урбана хуманитарна собирна акција на облека за деца од 3 до 18 години,училишен прибор и помагала, играчки, книги, сликовници, учебници, хигиенски средства, чевли и чизмички и се на што децата би се израдувале. Во Дневниот центар денот го поминуваат околу 100 деца.

Да им ја доловиме и на овие дечиња Новогодшната магија. Да им помогнеме и тие да се израдуваат на подароците, кои можеби не можат да си ги дозволат, од повеќе причини

Нашите волонтери ќе ве пречекаат пред Спомен Куќата на Мајка Тереза, во сабота, на 27 декември, во период од 11-13 часот каде можете да ги оставите вашите донации.

Ајде заедно- да правиме Добрини!
Да бидеме ние, сите заедно, промената кон Подобар Свет.

 Фб. настан

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: