Да подариме радост на децата од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари

4

Здруженето “Хуманост без граници” ве повикува на Новогодишна урбана хуманитарна собирна акција на облека за деца од 3 до 18 години, училишен прибор и помагала, боенки, фломастери, боици, играчки, книги, сликовници, учебници, лектири, тетратки, хигиенски средства, чевли, чизмички и се на што децата би се израдувале.
Во Дневниот центар денот го поминуваат околу 100 деца.

Нашите волонтери ќе Ве очекуваат во трговскиот центар Skopje City Mall, на приземје, веднаш до Новогодишната елка, во недела, на 20-ти декември, во периодот од 11-13 часот кога ќе можете да ги оставите Вашите донации.

На 20-ти декември, воедно Меѓународниот ден на Солидарноста, да подариме среќа, радост и насмевки на децата од Дневниот Центар за деца од улица во Шуто Оризари. Сите заедно-можеме да ги израдуваме неизмерно и со нашето Малку да направиме Многу за нивниот подобар живот. Да им ја доловиме и на овие дечиња Новогодшната магија. Да им помогнеме и тие да се израдуваат на подароците, кои можеби не можат да си ги дозволат, од повеќе причини.

Ајде заедно- да правиме Добрини!
Да бидеме ние, сите заедно, промената кон подобар свет.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: