Да му помогнеме на чичко Драги

5

Кога? – 23.04.2016 од 12 до 17 часот

Каде? – Градски парк Скопје, кај фонтаната

ФБ настан

“Овој настан е креиран со цел да му помогнеме на чичко Драги, човекот кој продава дребулии и ги храни бездомните кучиња во близина на „Рекорд“.

Според моите сознанија, во моментов тој најверојатно е исклучен од вода и електрична енергија, а дополнително потребна му е храна и чиста облека. Бидејќи има шеќер, не трошете пари на благо и храна која би му ја влошила состојбата.

Ги замолувам сите што се во можност, да помогнат со донација на храна (по можност конзервирана за да трае подолго), облека и обувки кои не ги носите, средства за лична хигиена, постелнина/вреќа за спиење, витамини и основни лекови, како и останати производи кои сметате дека би му помогнале. Иако доаѓа лето, добредојдени се и производи за во зима.

Сите донации ќе се соберат на едно место на 23.04.2016 (на главната фонтана во Градски Парк) од 12:00 – 17:00 часот, по што со организиран превоз ќе бидат однесени во скромниот дом на чичко Драги.

Дополнително, на истиот датум ќе биде оставена кутија за донација, од 12:00 – 17:00 часот. Средствата ќе бидат искористени да се купат купони за храна кои ќе му се дадат на чичко Драги, за да му овозможиме да има убав оброк барем еднаш во текот на денот.

Секоја помош во однос на соработка со сендвичари, ресторани, бутици, хостели, прехрамбени продавници или здравствени установи кои можат да ни излезат во пресрет со попусти и купони, е добредојдена.

Доколку имате пријатели кои се сопственици и би помогнале, ве молам контактирајте ме во inbox. Секако, најдобредојдено е да му се најде работа, на пример како чувар.

Со цел сите да имаме евиденција колкава количина ќе се донира од секој производ, направив Excel документ во кој сите може да внесете што ќе донирате.

Ова е линк до документот:

https://docs.google.com/spreadsheets/d/17FkxodJW2nd1XhipckAB2jphnTYqvop6yZJ0TX_QBcU/edit?usp=sharing

Ве молам секој што ќе донира, да внесе количина. На пример, доколку во моментот за количина на чорапи стои 1, а вие сакате да донирате уште еден пар, на истото место напишете 2.

Доколку сакате да донирате производ кој го нема на списокот, ве молам допишете го, заедно со количина.

————————–

Дополнување на настанот

Штотуку разговарав со чичко Драги. Тој сака сета облека што ќе ја донирате да се даде во домот за деца без родители. Не прифаќа друга помош освен храна за животинките и да се направи нешто околу долговите и казните кои ги има.

Моментално има неплатени сметки за вода во износ од околу 60.000 денари ама треба да се провери колку од тие се застарени, а за струја 16.000 денари без застарените сметки, му напишале казна од комунална за тезгата и кучињата (не знам колкава е казната, во среда ќе видам).

Ве молам на сите што ги знаете, а сакат да помогнат да им пренесете дека најмногу ќе треба да собереме ваучери за храна, храна за кучиња и секако финансиски средства кои би му помогнале да си ги подмири долговите. Адвокатот ќе се обиде да направи се што може за да се укинат или намалат истите, на нас останува да собереме финансии со кои би се покриле казните.

Оние ваучери кои ги имаме и ќе ги собереме за прегледи и за лекови си остануваат и ќе му ги дадеме, иако ми кажа дека до сега не примал никакви лекови и дека по 2 бонбончиња на ден многу му помагаат.

Сите што можете да помогнете на било каков начин со ваучери за храна/храна за кучиња, ве молам пишете ми во инбокс, а во однос на винансиските средства и броевите за донација ќе ве известам кога ќе добијам информации.

Поздрав и ви благодарам на сите за хуманоста!”

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: