Да израдуваме дете од улица!

1
Преземено од ТУКА
Кога: четврток – 3ти декември
Kaде: Дневен центар за деца на улица – Шуто Оризари

Во поход по насмевка кај децата од улица! 🙂

Драги пријатели,
И оваа година, продолжуваме со акцијата „Израдувај дете од улица“

Во координација со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, до нас стигна списокот со основните намирници и предмети кои им се неопходни на стотината дечиња кои дневно се згрижуваат во овој Центар.
Повикот, традиционално, го упатуваме до сите граѓани, организации и компании, кои, на ваков начин, можат да помогнат и да го разубават секојдневието на децата од 3 до 18 години.
Ова е можност за директна средба со нив, допир со нивниот начин на живот и обид сите да придонесеме истиот да биде барем малку подобар.
Граѓаните кои ќе се приклучат, ќе можат да го посетуваат Дневниот центар во Шуто Оризари во следниве термини:

– во четвртоците, во термин од 11 до 16 часот;
– во петоците, во термин од 11 до 16 часот.

Целта на оваа активност (која тимовите на „Лице в лице“ и на Здружение за заштита на правата на детето ја прават доброволно со помош на неколку волонтери) е да се поттикат граѓаните да се вклучат во помош и поддршка на децата згрижени во Дневниот центар за деца на улица.
Во продолжение списокот на неопходните прехранбени производи, но, и средства за хигиена, како и училишен прибор.

Очекуваме нова, успешна акција!
Да израдуваме деца од улица!

ХРАНА:
Млеко, јогурт, сок ( за растворање, степ сокчиња)
Чај
Шеќер
Мармалад или еурокрем, маргарин, паштети, салама, супи, ајвар, пинџур и други видови зимница
Кроасани, смоки
Овошје: јаболка, портокали, мандарини, банани
Кашкавал, сирење
Слатки, бонбони, чололади

УЧИЛИШЕН МАТЕРИЈАЛ:
Моливи, гуми,пенкала
Тетратки по тесни и широки линии, по линии и коцки,тетратки празни и А4 формат
Дрвени боици, фломастери, темперни (четки), водени боички, туш и перодршки, пластелин
Колаж хартија (самолеплива)
Блок бр. 2,3,4 и 5, блок за скицирање
Хартија во боја
Шестари и линеари
Нотни тетратки
Боенки, сликовници

ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА:
Средства за одржување на хигиена во центарот
Сапун
Прашок за перење облека
Сунѓерчиња за бањање
Шампони за коса, шампони за против вошки и чешли
Пешкири мали, средни или големи (за раце и бањање)
Тоалетна хартија
Џогери

ПРЕВЕНТИВНИ ЛЕКАРСТВА
Бетадин
70 % алкохол
3% хидроген
Парацетамол, сируп за температура
Аналгин
Сируп против кашлица
Ц-витамини, Б-6, Б-комплекс
Завои, фластери, гази
Антибиотик
Дермазин,синопен,хидроциклин, белодерм, кутерит, ацикловир
Капки за нос, капки за очи

ДРУГИ ОСНОВНИ ПОТРЕБИ:
Чешли
Пластични чаши (тврда пластка), роденденски свеќички, пластични чинии, пластични вилушки или лажички

ПОЛОВНА ОБЛЕКА:
Папучи ( пластични)
Обувки (патики или чизмички)
Долна облека, хулахопки, чорапчиња
Панталони или тренерки, блузони, маички, јакни, шалче, капче.

СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНИ РЕКВИЗИТИ
Фудбалски топки, баскет топки, кош (мобилен), пикадо, јаже за скокање, хулахопи, коцки, играчки (автомобилчиња, кукли).

ОБЈАВИ
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: