Да донесеме храна за „Израдувај дете од улица“

3

Тимовите на „Лице в лице“ и Здружение за заштита на правата на детето, веќе по трет пат организира акција за малите пријателчиња од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари. Акцијата ќе биде спроведена од 18 до 27 Декември. Овој пат сте повикани сите вие, граѓаните, организациите, компаниите и сите кои сакаат да помогнат, да ги израдуваат овие деца – носејќи им храна.

Во Дневниот центар има повеќе од 100 деца, а просторот нема услови за готвење. Затоа, не е препорачливо да се носат супи, тестенини или останати производи кои треба да се варат или печат.

 Акцијата, овој пат ќе биде малку поинаква:
Граѓаните кои ќе се приклучат, ќе можат да го посетуваат Дневниот центар во Шуто Оризари во следниве термини:

– во четвртоците (18-ти и 25-ти декември), во термини од 11 до 15 часот;
– во саботите (20-ти и 27-ми декември) од 12 до 15 часот.

Тогаш тие ќе можат да се дружат со децата, но и лице в лице, да ги слушнат нивните приказни, состојбата во која се наоѓаат, и да ги израдуваат носејќи им храна која ќе ги задоволи нивните основни потреби за оваа зима.

Список на препорачана храна:

млеко
вода
сокови
чај
шеќер
јогурт, овошен јогурт
мармалад
овојшје: јаболка, портокали, мандарини, банани
маргарин, путер, кајмак
паштети
крем
кашкавал
сирење
салама
ајвар, пинџур и други видови зимница
бонбони
мали чоколатца

Се повикуваат да се вклучат сите оние кои сакаат да споделат храна, но и шалче, капче, ракавички, кукла, количка, или други ситни нешта кои носат радост. Секако, тука се и задолжителните насмевки, гушкања и дружби.

Да донесеме храна за „Израдувај дете од улица“

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: