“Чекорот кон вмрежување”-хуманитарна забава

2

Превземено од: фб.

Датум: 01.11.2015  Маесто: Клуб Акрополис – Неготино

Клубот на млади ООЦК Неготино во соработка со Клуб на млади ООЦК Битола организираат голема хуманитарна забава. Преку забава, преку танцување, преку музиката да војуваме за да обезбедиме подобра иднина. Да ја покажеме нашата хуманост, да направиме дела за кои ќе се зборува, дела кои ќе се паметат. Истовремето и да ја зајакнеме соработката меѓу младите, затоа што младите се движечката сила во светот.

На оваа забава ќе настапуваат:
– Стиховно војување
– Филип Хатче
– Dubb Line
*** Влезницата за оваа забава ќе биде по симболична цена од 50 денари.

Сумата соберена од продадените влезници и од поставените кутии за донации во ноќниот клуб за време на настанот, ќе биде наменета за помош за 10-месечното бебенце Кирил кое боледува од малиген цистичен тумор на мозокот. Имајќи во предвид дека вкупната терапија изнесува 150 000 евра, ве замолуваме за било каква парична помош со што би му пружиле шанса за живот на малиот Кирил.

https://www.facebook.com/KlubnaMladiCrvenkrstNegotino/photos/a.10152048424757795.1073741828.187725722794/10153362367997795/?type=3

Ви благодариме за вашата хуманост
Со почит
Клуб на млади ООЦК Неготино и Клуб на млади ООЦК Битола!

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: