*** БОЖИЌНИ ХУМАНИТАРНИ РАБОТИЛНИЦИ ***

2

Превземено од: фб.

Со цел да си ги поминеме убаво Новогодишните и Божиќните празници во креативност, забава и весело дружење би сакале да ве поканиме на *** БОЖИЌНИ ХУМАНИТАРНИ РАБОТИЛНИЦИ *** кадешто ќе се изработуваат оргами и други декорации од хартија со новогодишни божиќни и празнични мотиви.

Ајде да научиме да изработуваме оригами, да бидеме креативни и да помогнеме.
Средствата од работилницата се наменети за лекувањето на Јоце Блажевски во Русија на којшто му недостасуваат уште 2000 еу за последниот третман којшто е закажан за 16ти јануари 2015 год.

Работилниците ќе се одржуваат во просториите на Училиштето по кинески и италиајнски “Ни Хао” во Карпош 4 на високо приземје во трите убавици. веднаш до кејот на реката вардар на Партизанска.

Еден час работилница чини 300 ден, за учество во 2 работилници 500 ден. а во три 800 ден.
Учество во сите денови на 8 работилници 1 500 ден.
Ве молиме за навремено пријавување за работилниците во порака во сандаче или пак н тел бр. 078 232 205
со име и презиме и денови на коишто сакате да присуствувате.

Работилниците се секој ден во времетраење од по 60 мин почнувајќи од 08.01. 2016 Петок се до 15. 01. 2016 Петок
– Ќе изработуваме цвеќиња од хартија – оригами , кусудами, лалиња, кринови, орхидеи, лилиа, лотуси… како декорација за на маса, на ѕид и додатоци за украсување на подароци.

– Детска група
08.01. 2016 Петок 12:00
09.01. 2016 Сабота 12:00
10.01. 2016 Недела 12:00
11.01. 2016 Понеделник 12:00
12.01. 2016 Вторник 12:00
13.01. 2016 Среда 12:00
14.01. 2016 Четврток 12:00
15.01. 2016 Петок 12:00
– Група за возрасни
08.01. 2016 Петок 13:30
09.01. 2016 Сабота 13:30
10.01. 2016 Недела 13:30
11.01. 2016 Понеделник 13:30
12.01. 2016 Вторник 13:30
13.01. 2016 Среда 13:30
14.01. 2016 Четврток 13:30
15.01. 2016 Петок 13:30

Изработките ќе можете да си ги подарите на саканите луѓе или пак да ги донирате исто така за продажба за лекувањето на Јоце.

Потребни материјали? – имаме се, донесети си само голема и убава желба, креативност и инцијатива да помогнете!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: