„БОЖИЌНА ТРПЕЗА ЗА БЕЗДОМНИЦИТЕ“ – Вистински дела на љубезност

1

Превземено од Вистински дела на љубезност

Кога? – Петок, 08.01.2016 год во периодот од 16:30 до 18:30

“Граѓаните на Скопје на 01.01.2016 покажаа на дело дека се хумани, донирајќи храна која беше дел од нивната трпеза за време на Новогодишната ноќ. Повеќето од нив беа евидентно одушевени од самата акција и изразија желба истото да го повториме и за време на Божиќните празници.

Затоа апелираме до сите добронамерни луѓе, кои сакаат да споделат дел од својата трпеза со бездомниците и социјално загрозените лица, да се вклучат во акцијата на ВИСТИНСКИ ДЕЛА НА ЉУБЕЗНОСТ.

Ве молиме да не контактирате на FB, преку нашите пријатели од РЕТВИТНИ ОБРОК или на тел 078 263 792 во Петок, 08.01.2016 год во периодот од 16:30 до 18:30. Во тој период нашето комбе ќе ја собира донираната храна низ Скопје.

Ги очекуваме вашите повици и повторно веруваме во вашата хуманост.”

1656289_1656851481271173_1547394094144692975_n

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: