Завршен настан – Борба за Кирил – Хуманитарен пријателски турнир во бразилско џиу џицу

6

Превземено од

КОГА: Сабота, 17 октомври 2015, 11:00 ам
КАДЕ: клуб за бразилско џиу џицу “Карлос Маја”, ул. Димитрија Чупоски, Скопје
Oрганизаторите не повикуваат:

“Оваа година, клубот за бразилско џиу џицу “Карлос Маја” го слави својот 4-ти роденден. Традиционално, ги покануваме сите наши членови и пријатели на 17.10.2015 година (сабота) да не посетат и да бидат дел од нашиот настан, меѓуклупски турнир по бразилско џиу џицу.

Да имаме специјален настан, бидејќи оваа година сме му потребни на едно драго и мило 11-месечно дете кое се вика Кирил.
Кирил, кога имаше само 10 месеци успешно помина низ една неверојатно комплицирана операција на мозочен тумор. Но сега е потребна долга и скапа терапија надвор од Македонија за туморот никогаш да не се врати.

Учеството во турнирот е бесплатно.
Гледањето и следењето на турнирот е исто така бесплатно.
На самиот настан ќе биде поставена една кутија за донации, па кој колку може ќе остави.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: