#bookchallenge и донација на книги во “Пепер”

2

На иницијатива на BookBox, започнува нов интернет предизвик со образовно-забавно-хуманитарен карактер.

Еве го превземениот текст од Off.net.mk со насоки за предизвикот. Одиме, на Читање и на Хуманост 🙂

“Значи, кажувам книга која мислам дека е добра, номинирам тројца кои треба да ја прочитаат и да предложат свои. Во меѓувреме секој кој учествувал треба да остави која и да е книга – донација, во сендвичарата „Пепер” на Ленинова каде веќе постои кутија за размена. Kнигите ќе ги донираме кога ќе се потсоберат, некаде кадешто за тоа има потреба.

Еве, мојот предизвик е збирката на Блаже Конески „Песни” од 1953, ретко издание кое можете да го најдете на Maкедоника. Ако не сте регистрирани, многу е лесно. Книжевната ракавица им ја фрлам на Дарјан Раденковиќ, Васил Карев и Ана Чушкова. Нека тераат понатаму со свои предлози и номинирани со #bookchallenge на ФБ и Твитер. И да, нека остават книга во „Пепер“.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: