Биди човек, подари книга!

1

Кога? – 27.02.2016 (сабота), од 12 до 15 часот

Каде? – Кафе-книжарница Децата од нашата улица, Скопје

ФБ настан

Тихомир и кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ Ве покануваат да земете учество и во третата рунда на „Биди човек, подари книга“. Овој пат собираме донации за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот, за заводот за рехабилитација на такви дечиња што се наоѓа во Битола.

Посакуваниот вид книги за подарок треба да се соодветни за нивната возраст. Акцијата ќе оди паралелно во Скопје и во Битола, имаме филијала и таму, во „Арт-кафе“.

Скопјани и битолчани, дојдете во сабота во „Децата…“ или во „Арт-кафе“ и подарете боенка, сликовница или книга со басни. Ние ќе ве почестиме чај или кафе. Тоа е малку за возврат, ама душата ќе ви биде полна. Тоа е. Толку. Однапред сме Ви благодарни. Ве очекуваме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: