Бесплатен пазар @АКСЦ

2

Превземено од Бесплатен пазар @АКСЦ

KOГА : Недела, 27 септември 2015, 12:00-14:00 часот

КАДЕ: Во просториите на Автономен Културно Социјален Центар; Orce Nikolov 166, 1000 Skopje

ОРГАНИЗАТОРИ: Автономен Културно Социјален Центар

“Кафе, чај, музика, дружба и размена! 🙂

БЕСПЛАТЕН ПАЗАР ПОДДРЖУВА:

– Дади/подари го она што не ти треба
– Земи го она што ти треба, бесплатно
– Размена на услуги, предмети и производи

Секој е поканет да учествува!

Бесплатен пазар се организира како настан секоја последна недела од месецот во АКСЦ (Автономен Културно Социјален Центар) во Скопје.”

***”Бесплатниот пазар е концепт кој потекнува од Америка и е релативно е нов на нашите простори, но во другите земји е доста познат (под името really really free market), најблизок пример е Софија, Бугарија каде се организира на јавни простори како паркови. Тоа е собир на кој што се поканети буквално сите, се прави размена или подарување на предмети од домот кои не се потребни, но се употребливи, без разлика дали се работи за накит, технички помагала, украси, облека, алати, мебел, книги или било што друго. Ова е некомерцијален настан кој директно се спротивставува на потрошувачката димензија на капиталистичкотот општество купи-фрли-купи и има за цел да побуди свесност за паметно трошење на ресурсите, рециклирање, но и да создаде култура на помагање и соработка во меѓучовечките односи наместо да промовира култура на компетиција, зашто сите сме многу побогати и имаме доволно кога ги споделуваме ресурсите потребни за живеење. Тоа е директен повик да се преиспитаме дали ние ги поседуваме предметите или тие не поседуваат нас.
Исто така, концептот не се задржува само на предмети, туку се однесува и на производи/услуги/таленти кои луѓето можат да ги разменат за некоја друга услуга .
Официјален настан се организира секоја последна недела во месецот, ама не мора да се чека само овој датум, бидејќи концептот е постојан функционален дел од АКСЦ и другите денови кога центарот е отворен, па луѓето можат слободно да дојдат, да разгледаат, да земат или да остават нешто. Од претходно искуство со настаните, сакам да нагласам дека не е нужно да се остави нешто за да се земе нешто, туку доколку некој има навистина потреба за нешто, може да го земе тоа нешто. Настаните се прават со цел тоа да функционира како пазар каде што не управуваат парите и каде, покрај другото, луѓето можат да се социјализираат и да си даваат инспирација едни на други за споделување и зголемување на солидарноста меѓу нив.
Со оглед на просторните ограничувања во моментот на центарот, може, но препорачувамe да не се носи многу облека, туку подобро е таа да се донира на пунктовите на црвен крст.
Доколку некој сака да се приклучи во организација на настанот, тоа е добредојдено, а се надевамe дека во иднина ќе се прошири концептот и на размена на храна (пр. домашни производи) и дека ќе се прошири на јавни простори, зашто сепак јавните простори припаѓаат на сите и таму треба да се случуваат јавни настани.
Досега настаните на бесплатен пазар биле мали и скромни, затоа не можам да понудам некои слики, но од месецов натака се работи со поголема сила да се прошири идејата и да заживее во свеста на луѓето.” -AKЦС

 

 

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: