„Ариза“ со хуманитарен новогодишен базар

1

Преземено од ТУКА

На 6.12.2015, „Ариза“ ќе ја промовира новогодишната колекција на бебешки и детски модни додатоци, како и новогодишни честитки, на голем базар со хуманитатен карактер, што ќе се одржи во кафе-ресторанот Every Day.

50% од продажбата на новогодишните картички оди во хуманитарни цели, како финансиска помош за лекувањето на Александра Робев, која што боледува од малигна неоплазма на панкреасот.

„Ариза“ веќе извесно време постои како бренд наменет за најмалите, со уникатни дизајни на бебешко боди, лигавчиња, уникатни покани за роденден или крштевка, мини-радосници, како и блузички за деца до шест години. На базарот, освен што ќе се продаваат производите на „Ариза“, ќе бидат доделени и наградите од наградната игра за верните купувачи.

12278729_1658638997686016_8099192174028045253_n

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: