Акција за донирање на училишен прибор за децата од социјално загрозени семејства

3

Превземено од Faktor.mk

Од 25 август па се до 31 август можете да ја покажете вашата хуманост уште еднаш на дело така што ќе донирате школски пробор за децата од  социјално загрозените семејства.

Организатор на оваа хуманитарна акција е фондацијата „Уметност на живеењето Македонија“ која ја организира оваа  Недела на хуманост.

Секој кој што сака да донира, може тоа да го направи и да го донесе во продавницата „Биокосмос“ која се наоѓа зад Работничкиот дом „Кочо Рацин“, на паркингот на ССМ. Може да се најавите и на телефонскиот број 02/ 240-3768.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: