Акција на размена на прочитани книги- “Размени книга”

3

Во недела, на 20.09.2015 година, од 11:00 до 13:00 пред Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје Здружението “Хуманост без граници” ќе организира акција на радување.

Ве покануваме на акција на размена на прочитани книги.

Размената на прочитани книги подразбира дека оние книги oд нашите домашни библиотеки кои сме ги прочитале еднаш и нема повторно да ги читаме, можеме да ги размениме со книги кои ќе ги донесат другите вљубеници на книги кои ке ја посетат акцијата :)

За да бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила: никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел.

Ве очекуваме!

FB НАСТАН 🙂

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: