★ ХУМАНИТАРЕН ХЕПЕНИНГ “РАЗБУДИ ЈА ХУМАНОСТА ВО СЕБЕ!” ★

3

Превземено од FACEBOOK :

ОРГАНИЗАТОР Е ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ

  • Да докажеме дека можеме,сакаме и умееме да помогнеме. Да докажеме дека хуманоста ја има во секој од нас! Не смееме да дозволиме да згасне нечиј живот,не смееме да дозволиме да не го отргнеме сето зло кое може да настане на животниот пат на еден млад човек!
    Сите заедно можеме да и помогнеме на Симона, млада девојка која има потреба од нашата помош.
    Симона е девојка која му се спротивстави на ракот со операција, хемотерапија и радиотерапија. Сега има потреба од финансиски средства за да направи pet scan, преку кој ќе дознае дали го победила ракот.Учениците на СЕПУГС”Васил Антевски – Дрен” Ве покануваат сите,стари,млади и пред се ХУМАНИ, да помогнете,да донирате,да дадете поддршка со вашето присуство и да бидете дел од Хуманитарната акција “РАЗБУДИ ЈА ХУМАНОСТА ВО СЕБЕ!”
    Под мотото Младите можат,младите сакаат и младите помагаат Ви спремивме:*Настап на училишните бендови
    *Модна ревија поддржана со модни креации од младата и успешна дизајнерка Ирина Тошева и модни додатоци од Design and berries
    *Претстава ” Како да (не) се ослободите од шефот ”
    *Трик со карти,изложба на рачни изработки и креации на учениците…..
    *Mаици и постери од #Омајгад

    Цена на влезниците: 50 денари

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: