Крводарителска акција во чест на Тоше

2

Кога? – 25.01.2017 година (среда) од 09:00 – 16:00 часот

Каде? – Спомен куќата на Тодор Проески

Преземено од фб.

„ЈАС ШТОТУКУ СПАСИВ ЖИВОТ, А ВИЕ?“

За да го почувствуваме присуството на нашиот ангел чувар Тоше меѓу нас, Црвен крст на РМ – Општинска организација Крушево на ден 25.01.2017 година (среда) од 09:00 – 16:00 часот ќе ја одржи ДЕСЕТТАТА МЕМОРИЈАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА во Негова чест, во Спомен куќата на Тодор Проески.

Граѓани на Крушево, младинци, спортисти, двигатели на новата генерација, Ве покануваме да ја покажете вашата хуманост и човечност и доследно да го продолжиме делото на Тоше, да даруваме крв како би биле горди на самите себе така како што сме горди на него.

Да се дава, значи и да се прима.
Подарете го вашиот животен подарок, дарувајте крв!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: