Хуманитарен концерт на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“

2

Преземено од republika.mk

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ ќе го одржи традиционалниот концерт „Божик – слава“ на 7 јануари во градската православна црква „Пресвета Богородица“ со почеток од 19,30 часот.
Влезот е слободен, а концертот има хуманитарен карактер.
На влезот од црквата ќе бидат поставени кутрии за донација, а присутните на концертот ќе може да донираат доброволно. Собраните средства ќе им бидат доделени на ранливата категорија на луѓе и деца со посебни потреби.
Покровител на концертот е Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: