Акција на “Отворена порта” за помош на мигрантите кои минуваат низ Македонија

4

Превземено од ТУКА 

Ова е повикот на HBO Отворена порта:

 

  • “Помогнете им на децата мигранти
    Отворена Порта ве информира дека согласно направената проценка на терен во Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија има потреба од помош за најмладите мигранти кои транзитираат низ нашата држава. Со цел да им се помогне и олесни патувањето на децата ве повикуваме да донирате:
    -Облека за деца (по можност зимска) сортирани според возраст
    -Обувки за деца
    – Кебиња
    -Бебешки шишенца и цуцли
    -Матили за дожд
    Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, компании и здруженија да се вклучат во оваа хуманитарна акција и да покажеме колку големи срца имаме.
    Отворена Порта упатува благодарност до сите граѓани кои се подготвени да помогнат на најраливата категорија –децата.
    Помошта можете да ја доставите во канцеларијата на Отворена Порта.
    За подетални информации слободно обратете ни се на: 02 2700-107
    Канцеларија
    Ул„Сава Ковачевиќ“бр.1 а, Кисела Вода
    1000 Скопје”
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: