Броеви за донирање

Активни броеви за донирање (*), по мобилни мрежи:

Од мрежата на Македонски Телеком:

  • 070143434 -Милорад Атанасовски има малигна неоплазма на мозокот. Откако му се изведени три операции, состојбата се влошува и тој е сместен во болницата “Систина” на лекување, кое е прескапо за неговото семејство. Да помогнеме.
  • 070143171– да и помогнеме на Евгенија Јоновска, која пред извесно време доживеала тежок мозочен удар, а после ударот девојчето за 98% го загуби видот, говорот и целата десна страна на телото. Итно е потребно лекување во Краков, Полска, а на родителите им се потребна финансика помош за да ја однесат Евгенија во Краков.
  • 070143303 -малиот Пантелије Радојдев боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба потребно е да се направи трансплантација на матични клетки во Клиника во Панама. Сумата која е потребна чини 7200 долари.
  • 070143113 -малата Едина Исмаиловска треба под итно да оди на операција на деформитет на рбетниот столб во Турција. Семејството не може само да ги сноси трошоците. Да помогнеме!
  • 070143155 -Трајан Целески боледува од тумор и веќе се наоѓа на лекување во Италија, поради итноста на болеста. Семејството замолува за помош, затоа што не е во состојба само да ги сноси трошоците. Да помогнеме!
  • 070143122 – Гоце Марковски има 14 години и беше опериран од тумор на мозок во почетокот на декември. Моментално е на ургентно пост-оперативно лекување во Германија во Универзитетската Клиника во Хале. Целокупниот износ на лекувањето е 50.000 евра поради што фамилијата има потреба од помош која e неопходна за покривање на сите трошоци.
  • 070143177 – Вероника Љоровска има 21 година и боледува од церебрална парализа и е тешко подвижна. Поради прогресивноста на болеста има јаки болки во колкот кои ја попречуваат да седи. Потребна е операција на колкот која треба да се изврши во Систина од страна на Др. Драган Христов. Операцијата чини 4.000 ЕУР, износ кој таа не е во можност сама да го обезбеди.
  • 070143144 -Лука Јовановски боледува од тумор на едното око. За лекувањето на ова мало дете во Истанбул, Турција, потребни се прегледи по кои ке се потврди кој третман ке се одбере за лекување. Сите прегледи се плаќаат приватно.
  • 070143131 – Игор Станчевски боледува од церебрална парализа. Ова детенце треба да оди на редовни физикални терапии, но семејството нема средства да ги покрие трошоците кои треба да ги плати родителот за престој, ниту пак специјалните лекови. Да помогнеме.
  • 070143401 -Илија Крстев треба под итно да прими хемотерапии за да се подобри неговата здравствена состојба. Но неговото семејство не може да ги плати трошоците, за лекот кој не подлежи под Фондот за здравство на Република Македонија. Да помогнеме.
  • 070143107 -Борче Проданов боледува од прогресивна мускулна дистрофија. Се препорачува третман со матични клетки со цел да не дојде болеста до срцето. Третманот ке се спроведе во Солун (Грција), со цел минимизирање на трошоците. Цената на третманот изнесува 24,000 ЕУР.
  • 070143123- Методи Митев боледува од Хередитарна спастична параплегија . Болеста му предизвикала потполна парализа и одземеност на двете нозе со можност да се пренесе и на рацете. Единствена надеж повторно да застане на нозе му даваат лекарите од Кина кои велат дека со помош на матични клетки и операција за која ќе му бидат потребни околу 28 илјади евра ќе може да функционира нормално. Митев ги моли хуманите граѓани да му помогнат да ги собере потребните средства.
  • 070143109- Јовица Блажевски боледува од церебрална парализа. Тој треба да замине повторно во Москва, на пресадување на матични клетки и понатамоѓни третмани. Со оглед на огромниот напредок, се замолуваат сите хумани луѓе да помогнат во понатамошното успешно лекување на Јовица
  • 070143121- Мартин Малинов има 11 години и боледува од леукемија. Тој се лекува и престојува во Рим, Италија. Сеуште се бара донор на коскена срцевина. Иако фондот одобри 150000 евра, на семејството му се потребни дополнителни средства за лекарства и терапии и останати трошоци. Да помогнеме.
  • 070143173 – Давид Стојановски боледува од остеосаркома и треба под итно да се оперира во Виена, Австрија, а сумата која му е потребна не може целосно да ја обезбеди семејството. Да помогнеме.
  • 070143193-Снежана Трајановска боледува од тежок карцином на тироидната жлезда. Таа треба да се оперира во болницата “8 септември”. Трошоците семејството не може само да ги покрие
  • 070143102Влатко Мицковски е дваесетитригодишно момче кое боледува од надбубрежен канцер. Единствен лек за него се таблетите кои се набавуваат од странство и чинат 2100 евра месечно. Лековите не се на позитивна листа. Сумата е голема и семејството не може да ја обезбеди сумата. Да помогнеме.
  • 070143115 Игор Ивановски боледува од малигна неоплазма на дебелото црево и респираторните органи. Toj итно мора да се лекува, а сумата која е потребна семејството не може само да ја обезбеди. Да помогнеме!
  • 070143105 – да и помогнеме на Елена Николовска, која е невработена и мајка на малолетно дете. Таа го има изгубено видот на очите и треба да се оперира во Систина. Семејството е без вработен член и сумата не можат сами да ја покријат. Со цел Елена да биде повторно работоспособна и да може да се грижи за семејството, апелираме да донирате 100 денари.
  • 070143133 – да му помогнеме на Игорчо Илиевски, кој треба да изврши операција на рбетните пршели во болница во Бугарија. Сумата која му е потребна изнесува 8000 евра. Да помогнеме!
  • 070143116 Никола Новоселски по тешката сообраќајна незгода во 2012 година е во винилна кома. Единствено решение за подобрување на состојбата семејството гледа во третманот со матични клетки во Русија за што се потребни 50000 евра.
  • 070143132- Давид Ѓорѓиевски е мало детенце со церебрална парализа. Нему треба да му се направи операција на стопалото на клиника во Скопје. Фондот покрива дел од сумата, но семејството е без примања и не може само да ги покрие постоперативните трошоци. Да помогнеме!
  • 070143183- Марија Николовска има потреба од финансиска помош за операција во болницата Филип II. Таа боледува од тенки и кршливи коски кои ја довеле до инвалидност од 80 %. Потребно е да и се вгради вештачка коска, но операцијата чини 5000 евра, сума која семејството само не може да ја покрие.
  • 070143191 – малата Стефанија Петрова треба да замине на операција на срцето во Бугарија. Иако сумата за операција е покриена од Фондот за Здравствено Осигурување, потребни се дополнителни средства за пат, престој и натамошно лекување. Да помогнеме.
  • 070143114- Марга Велевска боледува од церебрална парализа. Таа треба да се лекува во Русија, со третмани со матични клетки, но нема доволнос средства за следните третмани. Да помогнеме.
  • 070143181- Борис Велјановски боледува од карцином. Тој треба да се лекува од карцином во болница во странство,поточно во Австрија, а сумата која се побарува е недостижна за семејството. Да помогнеме.
  • 070143111- Леонардо Азир боледува од малигна неоплазма на мочниот меур. Тој треба под итно да се оперира, а сумата која му е потребна е 6500 евра. Да помогнеме.

Од мрежите на VIP

За лекување на:

 

Број за донација

 

Активен

 

Александра Илиевска 143 489 до 15.05.2017
Методи Митев 143 462 до 15.05.2017
Зорица Богоевска 143 463 до 15.05.2017
Пантелије Радојев 143 461 до 01.05.2017
Мартин Малинов 143 488 до 27.04.2017
Гоце Марковски 143 487 до 25.04.2017
Трајан Целески 143 486 до 25.04.2017
Лука Јовановски 143 485 до 24.04.2017
Борчо Проданов 143 484 до 16.04.2017
Илија Крстев 143 483 до 13.04.2017
Елена Николовска 143 482 до 05.04.2017
Евгенија Јоновска 143 481 до 29.03.2017
Давид Стојановски 143 480 до 27.03.2017
Јовица Блажевски 143 479 до 14.03.2017
Никола Новоселски 143 476 до 12.03.2017
Снежана Трајановски 143 478 до 12.03.2017
Игорчо Илиевски 143 475 до 01.03.2017
Влатко Мицкоски 143 472 до 01.03.2017
Организации

 

Број за донација

 

Активен

 

Црвен Крст на РМ 143 400 неограничено
Црвен Крст на Град Скопје (075) 143 300 неограничено

 

 ——

* Сите наведени активни броеви се превземени од страниците на мобилните оператори. Секој број важи доколку се бира од соодветниот мобилен оператор. Со секој повик се донираат 100 денари.

Последно ажурирано на 19.02.2017 година

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: