Завршен апел за помош на седумчленото семејство Талевски

14

Без покрив на главата, без покуќнина и облека, остана 7 членото семејство Талевски од битолското  село Граешница, по пожарот што до темел ја проголта нивната куќа. Тројца возрасни и 4 деца од 10 месеци до 7 години останаа на улица.

 -Децата ги извлеков и ги однесов подалеку од куќата, најважно ми беше да си ги спасам нив. Виканав по брат ми, но тој не можеше да излезе од собата, по што скокна преку прозорец. Насекаде имаше пламен, изјави Васко Талевски, соственик на куќата.  

-Живеевме во голема сиромаштија и на крај се што имавме ни изгоре. Се што имавме спечалено се ни изгоре, изјави Анета Талевска, сопруга на Васко.

Сите во семејството  Талевски се без работа. Ги молат надлежните, но и  хуманите луѓе да им подадат  рака во овие тешки моменти. 

ДА ПОМОГНЕМЕ!

Жиро сметка:

500600016019450

Стопанска Банка АД Битола

на име: Анета Талевска

 

Контакт телефон со семејството: 075-933-835

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: