Завршен апел за помош на Мукадес Мехмедова

3


Мукадес Мехмедова
 е родена во 1966 година, прекрасна жена на која сега за жал се гледаат само трагите од сето она што го трпела целиот нејзин живот. Немоќна да има деца, со рак на матка била отфрлена од својата фамилија бидејќи не можела да остави потомоство зад себе. Постојано талкала и била исфрлена од својот сопруг, малтретирана и понижувана.

Мукадес е од Куманово, а ја омажиле во Штип на 13 години каде што започнала нејзината голгота. По долги години поминати

на улица, за Мукадес почнал да се грижи Али со кого заедно живеат во барака во скопската населба Ченто. Истрауматизирана од сето она што и се случувало, но и болна од повеќе болести, денес Мехмедова е во тешка здравствена состојба.

Бараката каде што се наоѓа нема добри услови за живот, а таму живеат над 15-тина луѓе. Сите тие  ја знаат нејзината тажна приказна, но немаат средства за да и помогнат.

Нејзината здравствена состојба од ден на ден се влошува, па секоја помош би била добредојдена.

Потресната приказна, Мукадес ја раскажа на фотографот Роберт Мишовски кој ја посети болната жена во нејзиниот импровизиран дом во Ченто. Бараката се наоѓа на улицата „Палмиро Тољати“ бр. 76, а Али со кого сега живее Мехмедова, го остави својот телефонски број за контакт за сите оние кои сакаат да помогнат.

Неговиот мобилен е 075 720 411

Фотографијата која ја направи Роберт додека ја слушал нејзината тажна исповед зборува повеќе од се.

Да и помогнеме на оваа немоќна женичка.

Превземено од: Да и помогнеме на МУКАДЕС МЕХМЕДОВА

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: