Заштити се од предрасуди !

0

„Заштити се од предрасуди – донирај за превенција од HIV/SIDA“.
(кампања за превенција од ХИВ и СИДА, 2010 Македонија).

Кога се работи за ХИВ инфекција, не постојат ризични групи, туку само ризично однесување. Секој е таргет и не треба да се имаат предрасуди дека тоа им се случува само на останатите.

Кампањата „Заштити се од предрасуди“ започнува на 1 Декмври, а ке трае еден месец и ке вклучува разни донаторски манифестации.

Целта на кампањата е да се соберат средства за превенција од ХИВ и СИДА, како и да се делува врз свеста на популацијата за ХИВ тестирање и грижа за сопственото здравје.

Ако сакате да бидете дел од кампањата, донирајте и дадете свој придонес во превенцијата од ХИВ-СИДА;

One : 075 143 161
T-mobile: 070 143 403
VIP: 077 143 900

Дали знаевте дека?

Околу 30 милиони лица во светот починаа од СИДА од појавата на болеста на почетокот на 80-тите години.

Во Македонија во 2010 година има 10 нови случаи на заразени со ХИВ и СИДА (4 случаи на СИДА / 6 на ХИВ).

Во последните 4 години во земјата се регистрираат просечно по 10 нови случаи, а вкупно 130 инфицирани лица (99 случаи на СИДА/31 на ХИВ) биле откриени од 1987 година, кога е регистриран првиот случај.

Во Македонија од 2004 година е воспоставено доброволно, доверливо советување и тестирање за ХИВ. При тоа работат советувалишта за ХИВ тестирање во Скопје и тоа на Клиниката за Инфективни болести, Институтот за Јавно здравје, Градски завод за здравствена заштита -Скопје и Поликлиника Бит-Пазар, како и во 10 града во Републиката.

Facebook profile : http://www.facebook.com/pages/Zastiti-se-od-predrasudi/180885951928966

Организатори на кампањата:
Хера, Хопс, Црвен Крст на РМ, Y-PEER.

Подржувачи:
Министерство за Здравство на Република Македонија, Глобален фонд, Град Скопје,
Национален Координативен Механизам.

Партнер:
ONE Telecom.

Пријатели:
Акцент Медиа, Никола Булески- Буле, Владо Георгиев, Алкалоид, Др. Пановски, Македонија Лек.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: