Завршен апел : Заедно да им обезбедиме топол дом на семејство Кочоски

2

Комплетно превземено од https://www.facebook.com/events/1400753460228465/?ref=3&ref_newsfeed_story_type=regular

Станува збор за 7 – члено семејство од населба Драчево, кое живее во мизерни услови во една соба… Подетално во коментар со слики ќе ви ја доловиве ситуацијата…

ПРИОРИТЕТ:
Евентов го креираме за да може да собереме парични средства и да најдеме куќа/стан во населба Драчево, за да може да им платиме и сместиме ова семејство.

Сметката на која може да уплатите е следнава:
Donations for the family of 7 can go on this account:

Blage Kocoski / Благе Кочоски

NLB Tutunska Banka / НЛБ Тутунска Банка
Acc. no. / Број на сметка: 210501684824089

Адресата на ова семејство е
The current address of the family is
ул. Солунска глава бр. 4 Драчево, Скопје
Ul. Solunska Glava, br 4, Dracevo, Skopje,

За оние кои сакаат да ги посетат.
Whoever wants to visit.

Истотака ве замолуваме, особено на луѓето кои живеат во тој дел, да се распрашаат за куќа/стан под кирија.

Откако ќе ги сместиме, ќе се потрудиме по нашиве институции да најдеме конечно решение за ова семејство. Како и за храна, облека итн….

Ви благодариме на сите хумани луѓе кои ќе помогнат.

Поздрав”

ПОВЕЌЕ ИНФО ЗА СЕМЕЈСТВОТО

https://www.facebook.com/tzarovska?fref=ts

“Не знам како да почнам…Сега скоро бев да ги посетам луѓево. Имаме сите свои грижи, а помош им треба нa премногу луѓе. Сепак, ај да пробаме некако, one at a time. Тие што треба, не им помагаат. Тхе енд. Го гледате креветов? Сите седум на него спијат. Во собава сите се облекуваат, соблекуваат. Тука се мијат, тука децата ги бањаат, ко ќе можат да стоплат доволно вода. Собава 2 на 3. Купатило немаат. Надвор ги гледате нокширчињата? На децата тие им се единствено веце, а на родителите тоа полското, до кое треба да одат како јас и ти до продавница. Ако сака некој да се увери во кој ужас живее оваа фамилија, нека ми се јави, заедно ќе ги посетиме. Да беа во било која социјално стабилна држава, ќе имаа обезбедено пристојно куќиче со најмалку 3 спални. Ама не се. Сепак, толку насмеани деца не сум видела одамна, а ништо немаат и знаат дека не можат да побараат. Најголемиов, Столе е одличен, со сите петки. Татко им на точак ги носи до школо секој ден. Го пишувам ова дека животов на сиве дечиња е на ризик. Таванот може да им падне во секој момент, на конци виси. Им треба безбедно сместување со основни услови за одржување хигиена и готвење. Некое куќарче, станче кај што мирно ќе спијат. Да ги ставиме на сигурно некако, па после да бркаме и установи. Any ideas? На располагање ви сум, само сама не можам…да собереме некако средства, да има за некое време да бидат некаде некако под кирија. Во село Драчево се, може и таму некаде. Ако сте талентирани за организација на било каков хуманитарен евент, I’ll be your clown. Стварно е емерџенси.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: