Волшебната елка на желби во ТЦ РАМСТОР, Скопје

2

Под мотото “Пополни го празното место и направи ја насмевката вистинска”, РАМСТОР МОЛ и Црвениот Крст петти пат ќе ги израдуваат дечињата сместени во згрижувачки семејства.

Учество земаат и граѓаните. Се што треба да направиме е да ја посетиме Волшебната елка во Рамстор, најдоцна до 29.12.2013 , да одбереме макар еден лампион на кој е напишана детска желба и -ДА ЈА ИСПОЛНИМЕ!

Зошто-сите деца заслужуваат среќни празници <3

Секој граѓанин може да избере која картичка со желба ќе ја исполни и купениот подарок, заедно со картичката, да го остави на означеното место за среќното дете.

– Акцијата „Новогодишна волшебна елка“, заедно со нашите партнери ја правиме веќе петта година по ред, а причината за тоа е, покрај среќните лица и радоста кај овие деца, и добрата и позитивна реакција на граѓаните. Тие ги читаа желбите од децата и одеа да го купат саканиот подарок. Тоа е целта на оваа донаторска акција – поврзување за индивидуално и заеднички да придонесеме за среќата на овие деца. „Рамстор“ и понатаму ќе продолжи, да иницира, учествува и поддржува донаторски акции и да помогне онаму каде што е потребно – изјави Ебру Радевски, менаџер на „Рамстор Мол“ центарот.

Волшебната елка со желби ќе биде поставена во ТЦ „Рамстор“ се до 30 декември, период во кој сите хумани граѓани ќе може да учествуваат, односно секој ќе може да одбере и оствари новогодишна желба на некое од децата. Доделувањето на подароците ќе биде на 30 декември исто во просториите на ТЦ „Рамстор.“

Новогодишната волшебна елка на желби е донаторската активност која се организира меѓу ТЦ „Рамстор,“ Црвениот крст на Град Скопје и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: