Во врска со случајот на малата Ева

3

Почитувани фанови
Згрозени од информациите за фалсификуваните документи за малата Ева, чувстуваме дека треба јавно да го објавиме нашиот став во врска со овој случај.

Оваа страница ја почнавме со единствена цел: проширување на апелите за помош на оние кои имаат потреба. Секој апел го гледаме без предрасуди и го споделуваме со истиот ентузијазам за помош. Таков беше и апелот за малата Ева.

Се чувствуваме згрозени после написите за измамата. Доколку постои измама, и ние како и вие сме излажани и измамени. Се надеваме дека полицијата и надлежните институции ќе ја разрешат оваа ситуација и ќе ја изведат правдата на виделина. Доколку постои измама, истата заслужува казна, согласно законите во Република Македонија.

Ние и понатаму ќе продолжиме со истиот ентузијазам и желба за помош на сите оние кои имаат потреба од помош. Се надеваме дека во иднина никој нема да се осмели да го повтори овој вид на измама.

Тимот на Донации

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

9 коментари

  1. Објавено од svetle, на Одговори

    pa vie treba podetalno da proveruvate

  2. Објавено од AJ, на Одговори

    Pa imase broevi za dnacii d operatrite, za kogo dniravme nie vsusnost?

  3. Објавено од vela, на Одговори

    jas ne doniram dodeka ne vidam so svoi ocioti nekoj stvarno ima potreba od toa

  4. Објавено од Ane, на Одговори

    jas po nekoja slucajnost ja zapoznav majkata na Eva, ja zapoznav pred intenzivna na detskata klinika dodeka cekav da prezivee mojot 2 godisen sin nie se opraivme izlegovme i od bolnica pred da si odam doma pak ja vidov majkata kako ceka so pocrveneti presuseni oci. Zgrozena sum od toa deka e laga zasto jas dodeka vleguvav da go gledam sin mi na intenzivna ja gledav i Eva i placev i za nea. se nadevam deka Eva ke prezivee ke se oporavi od se srce go posakuvam toa zatoa ve molam ne pisuvajte gluposti pogotovo ne ako ste roditeli zasto ne znaete sto znaci da cekate dali ke vi prezivee deteto a uste na kraj da slusate gluposti deka bilo laga a celi 3 meseci ljugeto cekaat dali nivnata kerka preziveala. Imajte pocit kon Eva i nejzinite roditeli kraj kraeva javete se na intenzivna i prasajte za sostojbata na malata Eva posakuvam da e laga ama ne e zasto licno vidov so svoi oci. Kakvi uzasni luge ima znaci ne mi se veruva sto se pisuvaat a nemaat ni najmala vrska od zivotot i toa da si roditel koj se bori za da mu prezivee deteto kakov uzas:(((((

  5. Објавено од Соња, на Одговори

    Во вашиот опис на фб пишува: “Оваа страница како и страницата http://www.donacii.mk се активности на здружението ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ и имаат за цел објавување и проширување на апели за помош, хуманитарни концерти и други хуманитарни активности.
    …. Ние не одговараме за точноста на објавените податоци. Секоја грешка во пренесувањето на информациите е ненамерна.“… Па ќе ве замолам, ако сте сите членови/ активисти на Здружението `Хуманост без граници` (www.humanostbezgranici.org.mk) тоа значи дека преземате и вие ОДГОВОРНОСТ како што ја споменувате фамилијата на Ева, така и како хуманитарно здружение да објавувате случаи кои се вистинити, проверни со документација и водени единствено од вас ! Неможете непроверни работи да објавувате и да апелирате до народот да помогне, ве молам ! Се декларирате како здружение… значи сега имам право да се сомневам во вашето “чесно“ работење ! Ова е сериозна работа, зашто многумина сакаат да помогнат и долго време донираат парични средства, ама не сакаат да бидат измамени !

  6. Објавено од Dani, на Одговори

    Целосно ја поддржувам Ане
    Во вакви моменти најважен е животот на Ева и таа целосно да оздрави. Таа невина душичка за ништо не е крива, никому ништо не згрешила и во целата приказна нејзиното здравје не смее да се заборави.
    А на Ане со цело срце и посакувам многу, најмногу здравје за нејзиното синче.

  7. Објавено од Majka, на Одговори

    Nikoj ne negira deka malata Eva imala srceva mana(moeto sonce e operirano od srceva mana pred nekoja god vo Bugarija ), postojat razni vidovi mani na srce ,a vo slucajot na Eva kako sto pisea se raboti za pokomlicirana mana za koja treba poveke zafati ,Eva e veke ednas napravena operacija megutoa slednata operacija mozebi treba da se napravi posle 1 ili poveke god a toa vo slucajot bese poinaku kazano deka treba vednas da se pravi uste edna operacija sto vo slucajot ne izleguva taka (taka barem konstatiraat od Bugarija i od nasata klinika)kako i da e jas mnogu pati donirav za malata Eva ,placev zatoa sto znam sto pominuvaat vo momentot nejzinite bliski(toa ne se opisuva i nedaj boze dr da go dozivee) no ako od seto ova ,,nekoj,,saka da profitira ,,GREOTA I SRAMOTA,, Neka mu sluzi na cest,,,

  8. Објавено од Su, на Одговори

    Doniram i sakam da doniram,no ve molam davajte po detalna informacija za zdravstvenata sostojba na licata shto imaat potreba od pomosh….Sekoj ke donira koga ke prochita epikriza.kako da pomognam koga gledam samo slika i nikakov dokument??????

  9. Објавено од ZORAN, на Одговори

    NASE E HUMANIOT DEL DA GO ISPOLNIME, A ZA ONIE STO GO ZLOUPOTREBUVAAT HUMANOTO KAJ LUGETO…SIGURNO KE GI STASA KAZNATA SOODVETNA. BIDETE MI POZDRAVENI.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: