Вистински Дела На Љубезност – Топол Оброк За Бездомници

1
ПОВТОРНО АКЦИЈА.
Во Недела, 05.01.2014 год. пред платото на Спомен куќата на Мајка Тереза, од 12:00 – 14:00 ч. ќе се одржи акцијата за поделба на топол оброк на бездомниците од Скопје.
Голема благодарност до донаторите и волонтерите, кои несебично се даваат со свој придонес, што придонесува Хуманитарниот проект ВИСТИНСКИ ДЕЛА НА ЉУБЕЗНОСТ да продолжи со работата и понатаму.

 Хуманитарниот проект ВИСТИНСКИ ДЕЛА НА ЉУБЕЗНОСТ го реализира здружението на граѓани ПОГЛЕД КОН ВИСТИНАТА. Истиот е со намена да им помогне на социјално загрозените лица, бездомниците, самохраните мајки и инвалидизираните лица, да се стави во служба на луѓето кои се во потреба.

Проектот активно почна со работа од Септември 2013 година и за овие четири месеци беа посетени многу семејства и поединци во своите домови.
Секоја седмица, во Петок се собира храна од доброволните приноси од членовите од нашето здружение, од нашите посетители и пријатели од Библиските предавањата од Хотел ИМПЕКСЕЛ2 од Скопје, и од поединци дарители кои ги запознавме во текот на овој период. Собраната храна, облека и играчки за деца, секој Вторник се дарувана директно во домовите на луѓето во потреба. Се остваруваат директни контакти, се запознаваме со нивната животна сторија, со нивните предизвици и искушенија со кои се среќаваат секојдневно.

Наша цел е да го следиме Исусовиот пример во делење на љубов, помагање во секоја можна ситуација, хранење, охрабрување и сето она што Исус го правеше додека беше меѓу луѓето.

Во склоп на проектот здружението ќе дели храна, топол чај и облека на бездомниците од градот Скопје. Штандот со храна ќе биде поставен пред спомен куќата на Мајка Тереза од 12 до 14 часот, секоја недела.
Во овие студени денови се надеваме дека барем за момент ќе можеме да им помогнеме и да им укажеме дека не се сами во нивните проблеми.

Не ни е во план да биде само еднаш пред Нова Година туку да биде дел од нашиот проект кој што ќе го реализираме континуирано.
За таа цел се замолуваат граѓаните на Скопје, сите добронамерни луѓе кои што сакаат да дадат дел од себе, да не’ посетат на штандот и да даруваат од она што го имаат на оние кои што се во потреба.
.
ДА ГО НАПРАВИМЕ ОВА ЗАЕДНИЧКИ И ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ НАШАТА ХУМАНОСТ НА ДЕЛО!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: