Тивка аукција на уметнички дела

1
Преземено од ТУКА
КОГА: втроник, 1 декември
ВРЕМЕ: 20 часот

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје Ве поканува на добротворен настан и дружење по повод 1 Декември – Светскиот ден на СИДА.

За настанот свои уметнички дела имаат донирано повеќемина ументници, меѓу кои Симон Калајџиев, Иван Петрушевски – Флим, Нина Симовска, Мима Пејоска, Велимир Жерновски, Дороти Пачкова, Марјан Арсовски, Јадранка Митева Милчовска и Петар Петков. Делата на овие уметници ќе бидат предмет на јавно наддавање. Како гости на настанот се поканети претставници од естрадата, бизнис-секторот, дипломатскиот кор, а ќе биде отворен и за пошироката јавност.

На самиот настан ќе биде промовиран и спотот – социјален експеримент кој го снимавме во рамки на овогодинешната кампања кој е базиран на реакции на македонската јавност кон луѓето што живеат со ХИВ.

Целта на настанот е заеднички да придонесеме за поголема свесност за ХИВ во македонската јавност. ХИВ-инфекцијата денес претставува една хронична состојба која успешно се менаџира со помош на достапна терапија, се разбира, доколку навреме се открие.

Средствата што ќе се соберат од оваа аукција, како и минатите години, се наменети за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија. Поконкретно, здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје ги пренасочува овие средства за покривање на итни здравствени потреби или за помош на лица со ХИВ кои живеат во неповолни социјални услови. Оваа година ЗАЕДНО ПОСИЛНИ започна и со прибирање на средства за поддршка на активностите на здружението, особено во делот на врсничка едукација на луѓе што живеат со ХИВ, застапување и подигање на јавната свесност.

Ве очекуваме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: