Собир за донација за децата од Интернатот “Гоце Делчев” од с.Љубанци

1

Луѓето од цел свет се кренаа на нозе и помагаат на децата од Уганда.. можеме и ние да направиме нешто за децата што живеат на неколку километри од кафулето каде што го пиеме утринското кафе, од дискотеките и клубовите каде се забавуваме.
Погодени од текстот објавен на блогот http://dictatorofdreams.blogspot.com/2012/03/blog-post_12.html група млади луѓе спонтано се решија да помогнат на децата од интернатот “Гоце Делчев” во селото Љубанци во близина на Скопје, со своите скромни донации од стара облека, храна, школски прибор и парични средства со кои би се купиле потребни работи за ова место. Овие деца се на возраст од 7 до 14 години,така да облека за таа возраст ке биде најпогодна,но и се друго што ќе се донесе,ќе биде донирано во другите домови,како 11ти октомври и останатите.
Собирот ќе биде во недела на ул “Дане Крапчев”, во близина на Кино Карпош, недела 18 Март од 13-16 часот
Бидете хумани!
Дојдете, донирајте нешто и помогнете на оние што им е најпотребно!

ФБ настан

 

контакт: Арманд 075 478 134

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: