Со Хуманост за Александар Ицковски

0

Александар Ицковски, роден на 27.04.2009, боледува од Retinopatio neonatorum – Albatio zetinae на двете очи како последица од кислородот во инкубаторите.

Досега во Институтот во Белград му се извршени 3 ласерски третмани, за жал неуспешни. Дополнително бил испратен во Антверп, Белгија каде до сега му се извршени 3 операции и многу контроли. Неговите родители се борат заедно со сите хумани луѓе, институции и операторите T-Mobile и VIP кои им излегоа во пресрет во досегашното лекување.

Средствата за сите потреби – лекувањето, сместувањето и превоз, повеќето сами мора да ги покријат бидејќи фондот не го признава сместувањето, а имаат и многу проблеми со 20% учество.

Таткото кој е невработен скоро 5 години како технолошки вишок од АД Скопје Ладна Валавница и мајката која негува дете со минимални примања, не се во можност сами да ги сносат сите трошоци и затоа ги молат хуманите луѓе со својот прилог да го помогнат лекувањето.

Имааат проблеми со неподмирени долгови во фондот кои се скоро 90.000 денари, а на 17-ти Ноември ги очекува и повторно одење во Белгија на лекување. Лечењето на оваа болест е подолготрајно а нашето здравство не е стручно подготвено за овој вид на лекување.

Родителите се надеваат дека и нивнот син, на кого едното око му е 100% оштетено, а другото во фаза на лекување, еден ден ќе ја види светлината.

жиро сметката
бр.290-5000020511-88 при ТТК Банка АД Скопје

со еден повик донирате 100 денари на телефоните:
070 143-144 само за мрежата на Т-Мобиле
077 143 123 само за мрежата на ВИП

———–

Извор: Он.нет

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.
Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: