Завршен апел:Семејството Илиеви апелира за помош

4

Тешката болест што го погоди семејството Илиеви ја доведе во прашање и нивната егзистенција. Тие останаа без единствената сигурна плата што ја земаше 45-годишната Елизабета. Еве како можете да помогнете!

Кога пред седум месеци ја имаше првата вртоглавица и лекарите констатираа дијагноза стрептокока во желудник, велешанката Елизабета Илиева, не ни претпоставуваше дека болеста ќе се развие во малигна форма на граден кош и на глава. Четириесет и пет годишната жена веќе не може да работи на лозјата во земјоделската фирма. Седи дома, се лекува од канцерот со хемотерапија и се обидува редовно да ја зема терапијата што онколозите во Скопје и ја препишуваат.

Семејството на Елизабета остана без единствената сигурна плата. Сопругот е градежен работник и во зима нема работа, а сезонски работи извршува и нејзиниот син. Сега во домот на Илиеви единствено сигурни се парите што месечно стигнуваат од центарот за социјални работи за нега на Елизабета. Тоа се  само 4 илјади денари  и премалку за да се купат лековите.

За да го купи лекот дексазон и таблетите против болка семејството на Елизабета моли за помош. Таа пак вели дека потешко се соочува со состојбата да бара помош отколку со вистината дека боледува од тешка болест. Но болката  многу често е неиздржлива и не мине ако не се земат таблети.

Сите што сакаат да помогнат можат да уплатат средства на следната жиро сметка:

Елизабета Илиева

Тутунска банка – Велес

210 501564874374

 


Извор: Канал5 Телевизија

Напомена: Штом добиеме информација за отворени мобилни броеви за донирање, истите ќе ги објавиме во апелот.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од џорџ, на Одговори

    БИДЕТЕ ХУМАНИ-ПОМОГНЕТЕ НЕЧИЈ ЖИВОТ!!! И ОВА СЕМЕЈСТВО ЗАСЛУЖВА БАР ТРОШКА ПОМОШ ОД СИВЕ НАС …

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: