РК МЕТАЛУРГ за Јоце

2

 

СЕХА – Газпром Јужен тек лига
8 коло
РК Металург – Татран Прешов
25.10.2013 (петок) 20:15

Ракометниот клуб Металург ја продолжува традицијата на организирање хуманитарни акции и помагање на оние на кои им е најпотребна нашата безрезервна помош.
Јоце е момче на 24 годишна возраст кој боледува од „церебрална парализа“ и од истата се лекува во Москва. Третманите се исклучително скапи и затоа ние како клуб се одлучивме да помогнеме на неговото семејство во борбата за обезбедување на потребните средства за лекување на Јовица Блажевски.
За таа цел на натпреварот од 8-то коло од СЕХА Газпром лигата помеѓу Металург и словачкиот шампион Татран Прешов дел од средствата собрани од продажба на влезниците ќе бидат донирани за реализација на потребниот третман над Јоце кој требаше веќе да биде реализиран во клиниката НеуроВита во Москва (Русија).

Натпреварот против Татран Прешов ќе се одигра на ден 25.10.2013 година (петок) со почеток во 20.15 часот во СЦ Борис Трајковски. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на ден 22.10.2013 година (вторник), на сите продажни места на „КупиКартиЗаСе“ и онлајн на www.kupikartizase.com по цена од 60 денари.

Повеќе информации околу лекувањето на Јовица Блажевски-Јоце може да најдете оваа страна https://www.facebook.com/HumanostaZaJoceNePoznavaGranici.

Исто така за сите оние што сакаат да донираат средства може да го направат на телефонскиот број 070 / 143 – 113 .

Само еден Металург !

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: