„ПРЕСЕЧЕТЕ ГИ КОНЦИТЕ НА ТРУДОВАТА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ТРГОВИЈАТА СО ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА“ .

1

Од 2-9 Декември 2013 во Македонија се одбележува  светската Недела на борба против трговијата со луѓе. Мотото на овогодинешната кампања во Македонија е „ПРЕСЕЧЕТЕ ГИ КОНЦИТЕ  НА ТРУДОВАТА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ТРГОВИЈАТА СО ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА“ .

Оваа кампања има за цел формирање на Фонд за поддршка на децата кои се присилени да питачат, како и за покривање на трошоците потребни за храна, облека, и други потреби за решавање на овој општествен проблем.

Трговијата со деца и нивната трудова експлоатација е феномен кој е пред нашите очи секојдневно:  боси деца на улиците, на семафорите, со подадени раце и вперени погледи молат за некој  денар. Феномен пред кој не смееме да вртиме глава и да го одбегнуваме.

Информирајте се за овој проблем. Дознајте какви напори прават институциите, организациите и добрите граѓани.

„Министерство за внатрешни работи“ „Министерството за труд и социјална политика“, „Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија“ „Црвен Крст на Р.Македонија“   „ Отворена Порта – Ла Страда Македонија“  „СЕМПЕР –Битола“„Еднаков пристап“ „ За среќно детство“  „Езерка –Струга“

На овие деца можеме да им помогнеме, преку поддршка на активностите на здруженијата и институциите. ДОНИРАЈТЕ ЗА ПОДДРШКА И ПОМОШ НА ДЕЦАТА-ЖРТВИ НА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ И ТРУДОВА ЕКСПЛОАТАЦИЈА. ДОНИРАЈТЕ СЕГА, ВЕДНАШ! ДОНИРАЈТЕ ОНЛАЈН, БРЗО И БЕЗБЕДНО!

ДОНИАРЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

http://donate.org.mk/index.php/mk/donate-mk/campaigns/132-presecete-gi-koncite

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: