Предновогодишна хуманитарна забава „Играта продолжува“

1

Нова Година уште како мали ни беше најдобриот и забавниот настан, во кој преку цел ден се ширеше разнична еуфорија и сите си подаруваа, се радуваа, беа среќни.
И ден денес е период кога сите вложуваат се за да го поминат незаборавно.

Постарите повеќе гледаат на материјалните добра и дел од нив гледаат да вложат во гламур, па финансиите ги трошат на што подобра облека, подобри ваучери, поексклузивни влезници за дочекот.

Но, не треба да заборавиме дека најмалите сеуште се радуваат на ситници. Девојчињата на новата кукла… Момчињата на мала пластична кола, која ќе биде омилениот предмет се до следната година, зошто знаат дека Дедо Мраз го донесол поклонот.

Жално е дека постојат сеуште дечиња кои не можат да добијат поклонче од Дедо Мраз, дечиња кои би се радувале уште повеќе на едно користено мече кое ќе биде само нивно и ќе спие со нив секоја вечер.

ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ И НА ОНИЕ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ПОКЛОНЧИЊА ЗА НОВА ГОДИНА, ДА ИМААТ ИГРАЧКИ, СЕ ПОРАДИ ВАШАТА ХУМАНОСТ

Повелете во Среда на 25.12.2013 во кафе барот Porta Jazz Битола, од 19-23 часот, каде може да донесете и стари и нови играчки кои после ќе бидат донирани.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: