Предновогодишен хуманитарен турнир за Јоце !

0

Предновогодишен турнир во мал фудбал за Јоце !

Утре , сабота 11.12.2010 со почеток во 12часот

Локација: Спортски Центар ФОРЦА

Драги пријатели, Ве покануваме да бидете дел од овој прекрасен спортски настан, кој оваа година е организиран од страна на Локалниот Клуб на СДММ од Ѓорче Петров. На овој хуманитарен турнир во мал фудбал, учество ќе земат 10 Локални Клубови на СДММ од сите делови на Скопје. Сакаме и ќе покажеме дека Социјалдемократската младина на Македонија знае да им пружи помош на оние на кои таа им е најпотребна, а воедно ќе ја искажеме и нашата желба за дружење и ширење на познанства помеѓу младите од сите краеви на Скопје.

Бидете дел од овој спортски настан и навивајте за вашиот тим.

Ве очекуваме !!!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: