Порака во кутија-хуманитарна акција на ЗОНТА и МАДИ

2

Превземено од https://www.facebook.com/events/274551869360705/

  • МАДИ Македонија – Дебарца, бр. 3, Скопје
  • ПОРАКА ВО КУТИЈА

    Кутија од чевли, наполнета со мали дарови и пораки за поддршка.

    Лесно е да направите и сами ПОРАКА ВО КУТИЈА

    Дарувајќи ПОРАКА ВО КУТИЈА е најдобриот начин да им покажеме на овие луѓе кои поминуваат низ тешки периоди во својот живот, дека иако не ги познавате лично, им ја покажувате вашата поддршка и им посакувате мир и среќа.

    Чекор 1 – најдете празна кутија од чевли

    Чекор 2 – Наполнете ја кутијата со мали дарови, средства за хигиена, козметика, чоколадо

    Ова не би требало да ве чини многу пари. Ставете внатре она што сами ќе одлучите, а сепак ќе бидете сигурни дека ќе предизвика насмевка на лицето и искра во очите. Ние, доколку има потреба, ќе ги дополниме вашите кутии.

    Би можеле да ставите:

    крем за раце,крем за лице
    Шампон за тело
    Шампон за коса
    Лак за нокти
    Кармин
    Дезодоранс
    Парфем
    Четка за коса
    Паста за заби
    Четка за заби
    Комплет пенкало и нотес
    Чоколадо
    книга
    ЛИЧНА ПОРАКА

    Можете да ставите една убава машна на кутијата, но ве молиме немојте да ја пакувате.
    Чекор 3 – Напишете лична порака

    Ова нека биде ваш избор, но доколку се одлучите, ова е можност да напишете порака со поддршка, можеби и да споделите некое искуство или приказна.

    Чекор 4 – Вашата кутија е готова.

    Донесете ја вашата кутија во просториите на МАДИ, или пак контактирајте не’ за да се договориме.

    Ние, во МАДИ и ЗОНТА сме уверени дека многу брзо ќе се договориме со одредени локации во градов (продавници, ресторани, кафулиња), да определат мало место кое ќе биде собирен пункт за вашите кутии. На тој начин, доколку се одлучите да подготвите ваква кутија, многу лесно, на поминување, само ќе ја оставите, а ние ќе ја превземеме.

    Датум: донесете ги вашите кутии најдоцна до 20 јануари 2014 година. Ние официјално ќе ги предадеме на 25 јануари, и истото ќе го документираме и објавиме.

    Адреса на МАДИ: Дебарца, бр. 3, Скопје

    Се надеваме дека силно ќе ја поддржите оваа наша активност, и дека истата, со ваша помош ќе ја спроведуваме секој 25-ти во месецот.

    Со почит и верба,

    МАДИ И ЗОНТА КЛУБ СКОПЈЕ

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: