Завршен апел : Помогнете за оваа мајка повторно да може да си го гушне синчето

8

Лидија и нејзиниот 5-годишен син Кико пред само неколку години безгрижно си го живееле животот, се додека таа не претрпела тежок мозочен удар, по кој две години била во тешка кома. Пред мозочниот удар, Лидија постојано била со главоболки и терапија, била неподвижна во кревет и не можела да се грижи за својот син.
Откако паднала во кома, две години Кико и нејзиното семејство страдале и правеле тешки напори за да ја спасат Лидија. Конечно, по заслуга на доктор Венко Филипче, таа се разбудила од комата, но останала неподвижна.
Нејзиното семејство продало буквално се што имале и заминале на лекување во Грција, каде до некаде успеале да и помогнат, па сега таа може да мрда со очите и со прст, а може и да покаже емоции.
Семејството на Лидија бара помош од хуманите граѓани со скромни донации, кои за нив многу ќе значат.
Моментално е достапен број за донации само за корисниците на Т-Мобиле, но се очекуваат отварања и на броеви од другите оператори.
Вашите донации може да ги направите со јавување на телефонот 070 143 110 (Т-Мобиле корисници)

Помогнете и на оваа мајка повторно да може да си го гушне синчето!

Извор: www.kurir.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од www, на Одговори

    neli e vo koma zenava, objaveno na 28mi april

    http://www.donacii.mk/2013/04/apel-za-pomosh-na-lidija-petreska/

  2. Објавено од maca, на Одговори

    maca

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: