Подари книга, сподели ХУМАНОСТ ЗА ЈОЦЕ

1

Драги пријатели, ве повикуваме да се приклучите во оваа хуманитарна акција за собирање на книги (стручна литература, списанија, книги, поезија, романи….),

Сите оние книгички што ви се наоѓаат по дома,а се добро зачувани и не ви се потребни, можете да ги донирате во нашава акција и истите би ги изложиле и продавале хуманитарно, на хуманитарниот настан што ќе се оддржи на 24.05 (четврток) со почеток во 12:00-16:00 ч. во Џез Барот Њу Орлеанс, Стара Скопска ЧАршија (дополнително ќе го објавиме евентот за хуманитарниот настан)

Акцијата за собирање трае до 20.05 и сите заинтересирани може да им пишат на админите, или пак да дојдат и лично да ги донираат книгите на 20.05 во Градски парк – школка од 11:00- 15:00 ч.

Хуманитарниот настан, Продажба на Рачно изработени предмети( накит, пепељари од глина, сувенири..), книги, фотографии, ќе се оддржи за ЈОЦЕ ( за оние кои не се упатени, тоа е дечко кој боледува од церебрална парализа и се лекува во Москва со третман со пресадување на матични клетки) и сите собрани финансиски средства ќе бидат наменети за неговиот 5-ти третман во Септември кој ќе чини 10 000 ЕУ.

Бидете ХУМАНИ, подарете КНИГА !!!

ФБ НАСТАН : Подари книга, сподели ХУМАНОСТ ЗА ЈОЦЕ

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: