Новогодишни честитки од “Лулка”

2

Текстот е превземен од ЛУЛКА.

“Почитувани

Здружението Лулка и оваа година нуди честитки за компаниите и граѓаните кои сакаат да донираат преку купување на новогодишни честитки и на тој начин да го поддржат делувањето на здружението. Средствата од продажбата ќе се искористат за реализација на проектите Бесплатна едукација за бременост и Школа за родителство. Бесплатната едукација за бременост се реализира повеќе од 2 години, а досега ја посетија над 1000 бремени жени и нивни партнери.

Цената на честитките изнесува 30 денари по парче, а секоја честитка доаѓа со коверт. Здружението Лулка не е ДДВ обврзник.

Понудата се состои од 7 (седум) модели на честитки, од кои може да се избере количина по Ваша желба. Честитките може да ги разгледате и да ги купите преку нашата веб-продавница на http://lulka.ukionshops.com/cestitki2014.

 

За поголеми нарачки, за правни лица и компании, нарачката може да се изврши преку тел. 078/377-791 со можност за плаќање преку фактура. Повеќе информации може да добиете на телефонот 078/377-791 или на e-mail адресата info.lulka@gmail.com.


Доставата за над 20 честитки се спроведува бесплатно од наша страна. Количините под 20 честитки, по купувањето на http://lulka.ukionshops.com/cestitki2014, може да ги подигнете во школото за странски јазици Бабилонија, во нас. Аеродром, во кулите позади Тобако 2. 

Можете да си ги видите и нарачате од ОВДЕ.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: