НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТИКИ 2014 НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ

2

Кога еден граѓанин, компанија, корпорација, владина институција или граѓанска организација помага во нешто, не е важно само тоа што го прави да го прави од срце, туку и да знае дека тоа е вистинското нешто, вистинското време и вистинскиот избор! Ние од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ Ви нудиме можност преку купување новогодишни честитки да им помогнете на децата на кои им е потребен разговор и разбирање, да помогнете на децата кои не одат на училиште и кои се дел од нашиот Дневен центар, како и во реализација на сите оние активности за кои „Меѓаши“ се залага и ги спроведува.
Можеби не e толку неопходно, нo сепак важно е да знаете дека со купувањето на честитките помагате во спроведувањето на активностите на една домашна граѓанска организација која веќе петта година по ред е на прво место по доверба меѓу граѓаните и која зад себе има богата историја. Детската амбасада „Меѓаши“ веќе 21 година е посветена на поддршката на најнемоќните – децата жртви на војни, деца кои се злоупотребувани, занемарени, оставени сами на себе… Помогнавме на илјадници деца, а сето тоа не ќе беше можно без поддршката од многубројни поединци, компании, институции… Им се заблагодаруваме на сите досегашни и идни поддржувачи.

Честитките со мотив 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 се со димензии 16,5 x 12 cm преклопени или 33 x 24 cm отворени, а мотивите 12 и 13 се со димензии 20 x 10 cm преклопени или 40 x 20 cm отворени. Овогодинешните честитки (м1, м2, м3, м4, м5) се со цена од 35, 00 денари со вклучен плик, а мотивите 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 кои се минатогодишни и се во ограничени количини, се со цена од 25, 00 денари со вклучен плик. Во цената на честитките не е вклучен ДДВ, бидејќи Првата детска амбасада не е даночен обврзник. Внатрешноста на истите е празна, со можност за дополнително печатење на сопствена порака или лого. Доколку порачката е над 100 парчиња, цената на дополнителното печатење е 6, 00 денари во црно-бело и 9, 00 денари во боја. За нарачка поголема од 500 парчиња дополнителното печатење на црно-бела порака и лого е бесплатно. Доколку порачката е поголема од 150 парчиња за градот Скопје, доставувањето го вршиме ние до Вашата адреса, без Ваш надомест. Од оваа година за секоја порачка над 200 честитки има можност и за персонализација на истите – обрќање со име и презиме до личноста на која ја праќате честитката, со што Ви овозможуваме уште попрофесионално честитање на празниците и промовирање на Вашата компанија. Честитките можете да ги порачате на телефонскиот број и факс: 02/2465 – 316, по пошта на ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 22 а, 1000 Скопје, на електронска пошта: info@childrensembassy.org.mk или да дојдете во просториите на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.558271447572136.1073741836.122833937782558&type=3

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: