НАПРЕД РОЗОВО 2012-ЧЕКОРИ ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА

1

Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија на 19-ти мај 2012 година по четврти пат ќе ја организира Кампањата за борба против рак на дојка, насловена како “Напред розово 2012 – чекори против ракот на дојка“.

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.  Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од 10 града: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.

НАПРЕД РОЗОВО 2011- GO PINK 2011

По прошетката ќе следува музички хепенинг и неформални социјални активности со едукативен карактер, социјални игри кои ќе имаат за цел да овозможат луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот. Централниот настан ќе се одвива на Плоштадот Македонија во Скопје.

Борбата против ракот на дојка е премногу важна за секого од нас, за да им ја препуштиме на другите. Затоа, биди и ти дел од неа! Да им помогнеме на другите да победат!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: