Завршен апел : Молба за помош од семејството Ангелески

1

М  О  Л  Б  А

Предмет:

Бараме материјална и финансиска помош

Од Нелита и Тони Ангелески

ул. Блага Ружето бр. 72 – Прилеп

Почитувани!                                                                    Живеемe под кирија на ул.Рајко Жинзифов бр.3/19

Од името на семејството Ангелески од Прилеп Ве молиме да ни помогнете со донирање на доброволна финансиска помош без разлика дали ќе донирате доброволно или преку вашата институција. Имено ние Тони на возраст од 41 година и Нелита на возраст од 36 години за кое сме венчани и имаме 2 деца и тоа на возраст од  5 и 3 години. Образовани и тоа со ССС продавач од трговска струка за Тони и ССС гимназија за Нелита, за кое ви доставуваме доказ во фотокопија, стамбено необезбедени, живееме под кирија и плаќаме 2000 денари месечно, живееме без никакви приходи на заработување.

Од гледна точка што економската ситуација во која живееме е многу тешка, односно состојбата на живеење и незнаејќи како да се излезе на крај со крај кога од никаде немаме никаква помош за ништо, како на ликално така и на државно ниво.

Неможејќи да се издржи оваа ситуација а за кое Тони е долгогодишен Астматичар и опериран од 6 различни операции за кое има и медицинска документација му беше доделена постојана парична помош и егзистираме само од тоа без ников приход на заработувачка.

Бидејќи ова што ви го кажуваме е обемно истото го правиме во скратени црти, се прашуваме самите себеси дали има некој добродушен, да не разбере и барем малку финансиски да не поткрепи со надеж дека и ние и нашите деца ќе имаме едно порадосно и подобро утро, кога не можеме да се прехраниме, немаме куќа и сме приморани да живееме како потстанари и плаќаме 2000 денари месечно, немаме ништо но се прашуваме зарем не треба ние среќно да живееме, зарем не треба нашите деца среќно и весело да си го живеат своето детство, но верувајте секој ден сме во тага и си мислиме дали за нас има подобра и среќна иднина, но за жал ние тоа сеуште го немаме но велиме дека со една утеха никогаш не е касно, белким и за нас ќе дојде една подобра иднина.

Од оваа гледна точка на нашето излагање а за кое за нашата материјална состојба го искажуваме во скратени црти сме приморани да бараме финансиска помош со цел да се ублажи состојбата на нашето семејство, а за кое најискрено ве молиме дојдете посетете не и ќе се уверуте во ова што ви го кажуваме, а за кое отворивме и трансакциска жиро сметка.

Вашите средства можете да ги донирате на следната ж-ска-210-5015663527.51-НЛБ-Тутунска Банка – Скопје – На име Нелита Ангелеска

Со големо почитување од името на семејството Ангелески кон Вас сакаме да ви се заблагодариме од се срце за вашето разбирање и вашата хумана помош што ќе ни ја укажете и ценетиот Ваш збор кон ова наше молбено барање.

Нашето излагање го има и на www.a1.com.mk- А1телевизија(по новинар Дарко Штаргоски-Прилеп од 22.10.2010 година каде стои наслов

Беда и сиромаштија во семејството Ангелески од Прилеп

контакт телефон-070-499-876, искажете хуманост за нас.Прилеп                                                                                                                                                                                                                                                                                                 Молител:Нелита Ангелеска,Тони Ангелески

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: