Завршен апел :Молба за помош од семејството Ангелески

3
Да му помогнеме на семејството Ангелески! Да им помогнеме на Тони и Нелита на своите деца да им оезбедат среќно детство!
Почитувани!
Од името на семејството Ангелески од Прилеп Ве молиме да ни помогнете со донирање на доброволна финансиска помош без разлика дали ќе донирате доброволно или преку вашата институција. Имено ние Тони на возраст од 41 година и Нелита на возраст од 36 години за кое сме венчани и имаме 2 деца и тоа на возраст од  5 и 3 години. Образовани и тоа со ССС продавач од трговска струка за Тони и ССС гимназија за Нелита, за кое ви доставуваме доказ во фотокопија, стамбено необезбедени, живееме под кирија и плаќаме 2000 денари месечно, живееме без никакви приходи на заработување.
Од гледна точка што економската ситуација во која живееме е многу тешка, односно состојбата на живеење и незнаејќи како да се излезе на крај со крај кога од никаде немаме никаква помош за ништо, како на ликално така и на државно ниво.
Неможејќи да се издржи оваа ситуација а за кое Тони е долгогодишен Астматичар и опериран од 6 различни операции за кое има и медицинска документација му беше доделена постојана парична помош и егзистираме само од тоа без ников приход на заработувачка.
Бидејќи ова што ви го кажуваме е обемно истото го правиме во скратени црти, се прашуваме самите себеси дали има некој добродушен, да не разбере и барем малку финансиски да не поткрепи со надеж дека и ние и нашите деца ќе имаме едно порадосно и подобро утро, кога не можеме да се прехраниме, немаме куќа и сме приморани да живееме како потстанари и плаќаме 2000 денари месечно, немаме ништо но се прашуваме зарем не треба ние среќно да живееме, зарем не треба нашите деца среќно и весело да си го живеат своето детство, но верувајте секој ден сме во тага и си мислиме дали за нас има подобра и среќна иднина, но за жал ние тоа сеуште го немаме но велиме дека со една утеха никогаш не е касно, белким и за нас ќе дојде една подобра иднина.
Од оваа гледна точка на нашето излагање а за кое за нашата материјална состојба го искажуваме во скратени црти сме приморани да бараме финансиска помош со цел да се ублажи состојбата на нашето семејство, а за кое најискрено ве молиме дојдете посетете не и ќе се уверуте во ова што ви го кажуваме,
а за кое отворивме и трансакциска жиро сметка.
Вашите средства можете да ги донирате на следната
 
ж-ска 360000016017847 Поштенска Банка – Скопје – На име Тони Ангелески
Со големо почитување од името на семејството Ангелески кон Вас сакаме да ви се заблагодариме од се срце за вашето разбирање и вашата хумана помош што ќе ни ја укажете и ценетиот Ваш збор кон ова наше молбено барање.
контакт телефон-070-499-876, искажете хуманост за нас.
Молител:Нелита Ангелеска,Тони Ангелески Прилеп
ТЕКСТОТ ВО ПРИЛОГ Е ПРЕВЗЕМЕН ОД НОВИНАРОТ ДАРКО ШТАРГОСКИ:

Беда и сиромаштија во семејството Ангелески од Прилеп

22.10.2010 15:41


Солзи, мизерија и беда. Јадат еднаш во денот, носат само стари алишта кои некој им ги подарил, никогаш не купиле нови. Немаат ниту сопствен стан, живеат под кирија за која немаат ниту пари редовно да ја плаќаат.

Четири членото семејство Ангелески од Прилеп живее во вистинска сиромаштија.
Нелита Ангелеска е невработена, а Тони со неколку болести не е работоспособен, живеат само со 6.000 денари месечно постојана парична помош.
„Дечињата се навикнаа на ваков тежок живот, тие си бараат сакаат млеко, чокаладо, кога имам им купувам, кога немам нема, од нашето делиме, еднаш во денот јадиме само тие да имаат“, низ солзи раскажува Нелита Ангелеска.
„Ова сето што го гледате во станот ни е дадено од роднини и пријатели, и масата и столиците и каучот, тоа што не го користат ни го даваат, ние лично немаме ништо наше“, вели со болка Тони Ангелески.
Немаат пари ниту за соодветна хигиена, прашакот за перење и сапунот им се луксуз, се плашат дека децата ќе се разболат од таквите услови. Заборавиле кога последен пат зготвиле нешто на кујнскиот шпорет, а во фрижидерот наместо храна претежно има лекови за нивната болна ќерка.
„Кога имаше една година ќерка ми доби грчеви, од тогаш се искомплицираа сите работи, доби и преплет на цревата, сега каде? Дали по неа да трчаме, дали по нас, пари немаме за ништо“, вели Тони Ангелeски.
„Сакам државата да ми обезбеди постојан работен однос некаде за да можам да ги прехранам децата. Како и сите и јас сакам моите деца да имаат еден пристоен живот, едно пристојно детство“, повторно низ солзи кажува Нелита Ангелеска.
Бараат државата или хумани луѓе да им помогнат бидејќи велат повеќе не се издржува вака. Се плашат најмногу од зимата бидејќи ќе немаат пари да ги платат сметките за струја.
Телефон за контакт со семејството Ангелески:
070 – 499 – 876
e-mail: pomoszanelitaitoni@yahoo.com
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: