Завршен апел :МАРИНА ОД ДОЛГАЕЦ САМА НИЗ ИСКУШЕНИЈАТА НА ЖИВОТОТ

2

Потресна приказна која заслужува внимание, поддршка и помош.

20 годишната Марина Подигачоска има многу поинаков живот од нејзините колеги на Биотехнички факултет во Битола.

Живее во прилепското село Долгаец и пред неколку години  останала без родителите, па сега живее само со дедо и. Од државата добива 5900 денари, и со нив го плаќа студирањето. Не се жали толку на сиромаштијата, вели се снаоѓа за да преживее. Најмногу и тежи осаменоста. Вели дека и недостига родителски, но и стручен совет во одредени моменти. Но, освен првиот пат кога дошле да ги утврдат условите за живот, социјалните работници досега не покажале интерес.

Да се искажеш треба на некој, да му кажеш што чувствуваш, се. Не се јавил никој,никогаш немаат разговарано со мене, на оваа тема. Со тетките разговарам понекогаш и со дедо ми, по малку“, вели Марина.

 Летово го минува во трошната куќа во селото, во малата соба, каде наместо под и тепих, гази на земја, делови од таванот може секој момент да паднат. Спие на железен кревет, во зима се покрива со бодликава покривка ткаена од козјо влакно.

Се случува во текот на месецот кога треба да пријавиш испити да немаш пари?

-Не, досега си собирам, си заштедувам, за да имам тогаш, оти после казни треба да плаќам, многу ми е така. Немам ниту компјутер, ниту какви било други помагала“, вели Марина.

 За да ги намали трошоците за живот, таа патува со воз. Но, пругата доаѓа само до соседното село Слепче.

„Ја патувам со возот, 90 денари ми е картата, ама после Слепче немам превоз наваму. Треба некој да ме пречека, а ако ме пречека по 300 денари ми земаат. Затоа се случува да пешачам и по саат ипол. Во лето е жешко, тешко, не се доодува, а во зима, снег има“.

 Оваа млада девојка,оставена без родителска грижа и љубов во најкритичните години од младоста,  учи сама да се справува со секој проблем. Испитите ги полага редовно со просек 8 и се стреми што поскоро да го заврши факултетот. А, потоа се надева дека ќе го оствари сонот, да има сигурна работа, мирен живот и семејство кое ќе го храни со бескрајна љубов.

Телефонски број за контакт со Марина 075/552-182

Во скоро се надеваме на трансакциска сметка и броеви за донации. Ќе бидете известени.

Извор: 10bez10

Марина раскажува.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

3 коментари

  1. Објавено од Progres, на Одговори

    Makata ja pravi silna samo taka neka prodolzi,eden den ke stane samostojna so diploma vo raka i sekako so sigurno ke se vraboti. Jas toa najdobro go znaam samo NAPRE Marina! Objavete z-ska i broj od studenskiot dom vo Bitola kade devojceto ke prestojuva. Sakam so svoite skromni moznosti da pomognam.

  2. Објавено од Zumce, на Одговори

    Jas mozam samo da ja pozdravam i da i pustam raka za nejzinata hrabrost i upornost..upornosta pobeduva..Gospod da i dade zdravje i sila i da i pomogne da gi ostvari nejzinite sonista..taa e silna devojka i veruvam deka ke uspee i deka ke e mnogu srekna vo ponatamosniot zivot..posle dozdot izgreva sonceto..:-) Ova neka e primer na site mladi sto lutaat po ulicite a roditelite se borat za niv..!! Gospod gi saka licnostite sto se borat vo zivotot..posebno mladite licnosti..zatoa Marina ne se zavrtila kon Gospod za da mu kaze za makata tuku se zavrtila na makata i kazala deka JAS IMAM GOSPOD..pozdrav do nejze i do site licnosti sto ja podrzuvaat..:-)

  3. Објавено од Ile, на Одговори

    …Imam pominato slicen pat na nejziniot,… tezok e i trnliv… mnogu, mnogu trnliv… ubeden sum deka ke dostigne daleku vo zivotot, zosto ne im e vo krvta na tie “iskaleni dusi” da se predadat, pred macnite i mizerni predizvici, mozam da si predpostavam so golema sigurnost deka i ne e nejzina ni oivaa inicijativa, zosto ponosot nema cena… Mozam da im ponudam smestaj i sezonska rabota od dva do tri meseca vo letniot period, i mesec zimniot period, ovde vo mojata firma vo Italija. (odsekot na rabotata e Lozarstvo i pakuvanje vo vinarski vizbi)tel. 00393333242032 Golem pozdrav do Marina i do organizatorite na ovaa inicijativa.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: