Магија одблиску-со илузија до ХУМАНОСТ!

3

Ве покануваме да бидете дел од хуманитарниот настан, овој викенд, во недела, на 10.02, со почеток во 19 часот.

Овој настан се организира во рамките на ПХВ проектот (Промоција на Хумани Вредности), од страна на ООЦК Центар. Во пресрет на настанот ќе ни се претстават шест членови од НОВАТА МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА МАГИОНИЧАРИ коишто ќе ни приредат уникатно илузионистичко шоу, и оваа вечер, за еден миг, ќе ни ја направат магична. Забавата продолжува со бендовите ’’PROBLEM SOLVED’’ и ’’PO*NOGRAFITI’’.

Ви се обраќаме Вам Почитувани, кој може, како може и колку може да им помогне во битките, со цел да се обезбедат доволно парични средства за помош на малечкото девојче Нина (4 години) која боледува од ретко метаболно митохондријално заболување (Leigh sy. Complex IV deficiency), како и за нејзиното братче Дарин (1 година) кое ја има истата генетска мутација за оваа болест.

Имплементацијата на Националната Програма Промоција на хумани вредности (ПХВ) е овозможена со грант на програмата CIVICIA Mobilitas имплементирана од ЦИР-а и финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларија за соработка во Скопје.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА Fb event

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: