Израдувај дете од улица-Хумана акција на “Лице в лице”

1

Да се приклучиме на Хуманата Акција на “Лице в лице” и да израдуваме многу дечиња пред Нова Година 🙂

Целиот  текст е превземен од Фб настанот организиран од “Лице в лице”

https://www.facebook.com/events/373040852832083/

“Шалче, капче, ракавички. Топли чизми, чорапчиња. Пакетче, елка, сијалички и лампиони. Кукла, количка, чоколадо, колачиња и бонбони.

Ова се вообичаени предмети кои нè греат, нè радуваат и ни даваат сила во студените денови. Ги имаме и не ни помислуваме што би правеле без нив.

А, што навистина прават оние кои не можат да ги имаат?
Мечтаат за нив.

Стотина деца од Дневен Центар за деца на улица – Шуто Оризари и годинава подготвија листа на желби, надевајќи се дека нивно новогодишно пријателче ќе им помогне да им се исполнат. Токму во тој список, се наоѓаат вакви, вообичаени, топли предмети.
Но и дружење и насмевки.

Акцијата почна минатата година овој период, кога токму со повик на „фејсбук“, 70-тина граѓани и неколку компании се дружеа со децата од Дневниот центар.

Погледнете ги фотографиите и видеата од ланската акција

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.385564784863307.94515.347702795316173&type=3

https://www.facebook.com/photo.php?v=385615038191615&set=vb.347702795316173&type=3&theater

https://www.facebook.com/photo.php?v=384418474977938&set=vb.347702795316173&type=3&video_source=pages_video_set

Ајде заедно да направиме годинава да биде двојно поубава и посреќна!

Како да се вклучите?

– Ни пишувате во инбокс дека сакате да израдувате дете од улица;
– На тоа, ние ви враќаме со честитка (за дизајните се погрижија Ване Костуранов и Зоран Инадески) на која се испишани желбите на детето на кое токму вие ќе му бидете Дедо Мраз;
– Заедно со вработените од Дневниот центар, одредуваме термин за средба;
– Се радуваме.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: