Завршен апел :Итна трансплантација на срце му е потребна на 23 -годишниот Кристијан Неделковски

2

Желбата за живот се поголема, а срцето се послабо му работи. Највиталниот орган на 23 годишниот Кристијан Неделковски од Скопје функционира само со 25 проценти.

Итно му е потребна трансплантација на срце за да може да продолжи да живее. Ова е потврдено со 2 конзилијарни мислења од клиниката за Кардиологија и од Филип Втори.

-Многу лошо се чувствувам, веќе неколку месеци ми е многу лошо, неможам да се движам, неможам ни 10 метри да поодам, вели Кристијан Неделковски од Скопје.

Иако Кристијан уште пред еден месец требало да замине во кардиохируршкиот центар во Берлин каде можеле  да обезбедат срце и да ја направат трансплантацијата која чини 330 000 евра, барањето за финансиска помош од државата му е одбиено. Во образложението на комисијата за лекување во странство при Фондот за здравство стои дека не се очекува успешно излекување. Последната надеж за ова младо момче е ставот на второстепената комисија при министерството за здравство, но повеќе од 2 недели нема одговор на неговата жалба, а состојбата му се влошува.

-Ги молам претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот се што е во рамките на нивната надлежност да ја забрзаат работата, вели Кристијан Неделковски.

Во меѓувреме хуманите луѓе може да донираат на телефоните и на оваа трансакциона сметка.

 200002378293134, СТОПАНСКА БАНКА НА ИМЕ КРИСТИЈАН НЕДЕЛКОВСКИ,

IBAN MK 07200002451809046

SWIFT STOB MK 2X

И НА ТЕЛЕФОНИТЕ :

077-143-193 НА ВИП

070-143-122 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА Т МОБИЛЕ

075 143-450 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ОНЕ

Извор: Сител Тв

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

4 коментари

  1. Објавено од Cvetanka Matiloska Pesik, на Одговори

    Donirano !! So sreka i brzo ozdravuvanje

  2. Објавено од monika, на Одговори

    sto se sluci so momceto?

  3. Објавено од Lidija Ristova, на Одговори

    Pa neli dadoa na televizija deka momceto e odneseno na operacija so avion i lekarska ekipa sto se sluci?

  4. Објавено од gsasgasasasgagas, на Одговори

    Izdrzhi Kristijan!Verba vo Bog!

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: