Завршен апел:Хуманоста за Јоце не познава граници!!!

4

Јоце се труди напорно и се препотува одејќи по 10-20 круга дневно на овој разбој. Се оддржува во добра кондиција и храбро се движи чекор по чекор,но најбитно е дека е самостоен, без помош.Од враќањето од 5-титот третман со матични клетки од Москва, поминаа точно 4 месеца, а тоа значи дека веќе доцниме еден месец во Руската Клиника за примена на 6-тиот третман.(препораката беше после 3 месеци пауза,повторно на терапија)….. но за тоа се потребни ОГРОМНИ финансиски средства, и тоа 11 000 ЕУ за овој предпоследен 6-ти третман.
Отворени се броеви за донација од ОНЕ / 075 143 850 и ВИП/077 143 772 на кои со еден повик можете да донирате 100 ден. сите вие кои сте корисници на ОНЕ и ВИП……, може да донирате и на жиро сметките:
*Стопанска банка АД – Скопје: трансакциска сметка 200000207845578

*Комерцијална банка АД – Скопје: бр.на сметка 300007071578620

*NLB Тутунска банка – Скопје: трансакциона сметка: 210-5016352013.14
или пак во касичките за донација на Меѓугратска автобуска Руле Турс или на Аеродром Александар Велики (нормално ако сте ус пат на тие места:)) или пак ако имате некаква идеја, “врски ” за организирање на било каков
хуманитарен настан, може да не контактирате на групава или пак во инбокс на нашите профили…… Без упорност и без поддршка и ваша мала финансиска помош, не се може…..Благодариме на срдечноста и хуманоста, Семејство Блажевски

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: