Хуманитарна забава за спас на животните !

0

Драги пријатели на животните,

Покажете ја својата хуманост на дело! На 6 февруари, недела, во 20 часот ZLATNA VILUSKA { nas. Aerodrom }, СПАС ЗА ЖИВОТНИТЕ организира хуманитарна забава, со цел да им се помогне на бездомните животни што побрзо да си најдат соодветен дом, грижа и љубов!

За да се оствари ова, потребна ни е и ваша скромна финансиска помош. На забавата ќе имате можност да донирате средства за да ни помогнете нам, а со тоа и на сите кутриња на кои очајно им треба дом! На забавата ќе има и продажен дел, каде што ќе се продава накит, реквизити за домашни миленичиња. Се разбира, и овие средства ќе бидат искористени за нашите и ваши четириножни пријателчиња 🙂

Сите пијачки што ќе се служат во ресторанот ќе бидат со намалени цени.

Доколку немате можност да вдомите бездомно кутре, тогаш помогнете ни нам, за да им помогнеме на оние кои зависат од нас! Ве очекуваме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: